добие (гл.) - писмо (имн.)

Спорот на Авдиќ настанува како резултат превирањата во претпријатието и добивањето отказно решение поради наводна дисциплинска повреда, 3 од летото 1999 година – кое, всушност, нему никогаш и не му беше врачено, иако заменикот на генералниот директор (З. Андов), тврдел дека, уште во јули истата година, на Авдиќ му било испратено препорачано писмо за тој да се јави на разговор во управната зграда на друштвото во Велес на која средба тој не дошол, поради што против него била поведена дисциплинска постапка за кршење на работниот ред!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Писмото кое беше испратено на старата адреса на живеење – од која Авдиќ се отсели уште во 1994 – беше со намера да се издејствува тој добие отказ поради, наводно, нејавување на работно место во период од 44 денови (откога Орхан го доби писмото, па сѐ додека не се појави лично во фабриката „Киро Ќучук“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
— Поризливо е детето, затоа му се бендиса, — одговараа другите четници и не му даваа особено значение на тие блиски нивни врски. * Не помина ни месец од вракањето на Шаќира и Ѓура во Толевата чета, Шаќир доби писмо од Петрета Ацев во кое му пишуваше да го замоли војводата Толета да се стави со него, како знае, овие дни и да поведе еден од своите најдобри другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Шо мислиш, шо работа ќе биде, та без мене шо не може да се сврше? — го запраша Толе Шаќира, а во себе си помисли.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На 7 април 1944 година капетанот Патрик Еванс, член на британската воена мисија на територијата на Македонија под Грција добил писмо од членот на ГШ на НОВ и ПО на Македонија Киро Георгиевски-Дејан во кое, од британската воена мисија се барало да обезбеди „оружје, муниција, облека, експлозив и златници“ бидејќи во „последната недела имал 100 регрути“ кои морал да ги врати поради тоа што не можел да им даде оружје“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Другите добиваат писма и друго, а ти не се јавуваш да знаеме како си.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Откога Бојана го доби писмото, во кое Крстан ѝ пишуваше дека ќе се врати, таа не можеше да се успокои.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сето тоа траеше, сè додека еден ден не добив писмо од Канада.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Еден ден, Сликарот доби писмо што му го испрати неговиот пријател Јусуф беј, професорот по Убави уметности од Истанбул, а во кое пишуваше: Почитуван пријателе, На Вашата изложба во Сарајот на која ги презентиравме Вашите платна создадени во Истанбул, беше изложено и чудесното платно „Портрет на Непознатиот, со два детски лика“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зашто, пред да дојде на состанок со неа, доби писмо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Татко ми, кој е познат ѕвездочатец и ширум Кашмир надалеку прочуен мудрец, уште од раѓање ме има научено дека времето не се мери со часови, со денови и со години.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Добив писмо од Ивана. Конечно!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еднаш дурии добија писмо од неговиот постар брат Захур, од чија продавница го купија свилениот килим.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Патувало цели три недели од неа до мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, па, тогаш нема проблем! - викна восхитено Мила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Добив писмо. Драга Бреза, голема, мала моја, Размислувам на почетокот од моево писмо дали да ти се извинувам за големото доцнење.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пред крајот на 69. добив писмо од Вера Круз која ми јави дека дека ја осудиле заради кражба на кола и дека ми се јавува од Метјуан и дека постојано се гледа со Валери.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Еден ден дедо доби писмо и ѝ го прочита на баба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си живеев јас така како цар; и ќе живеев вечно, што се вели, ако еден ден не добиев писмо од мајка ми во кое ми пишуваше: Сине, јас умирам сама, пуста...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И деновиве кога ја добив веста од Фајар, како и гласовите на солидарност од моите читатели, од вас во прв ред, зборот Шапоно продолжи посилно и почесто да одѕвонува во мојата меморија!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И јас не бев слушнал, с до моментот кога во пролетта на 1999 година добив писмо од директорката на орштинската библиотека во Шапоно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Знаеш, - рече, - добив писмо од учителот Станковски...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ама добро е дека добивме писмо и тоа експресно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Добив писмо преку Црвениот крст“, рече,„од мојот племјаник.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од синот на братот“, објасни свртувајќи се кон мене.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потоа жена му на Мил доби писмо од некое друштво во кое беше зачленет Мил и кое му бараше да ја ипрати теоријата за откривање на карактерот на човекот преку неговото чекорење.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И Оруш варџијата продолжи да добива писма од брат му Тане во кои сè така му пишуваше како и порано: дека чадот иако запрел, вулканот е подмолна ѕверка, дека тој само привидно е смирен, и ќе избувне кога луѓето најмалку ќе го очекуваат и ќе му се надеваат - но Оруш писмата не ги отвораше, туку како што ги примаше - така ги гореше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)