добие (гл.) - работа (имн.)

Сепак ќе пиеме добро бело вино, мезетиме грчка салата со потпечени лепчиња и чекаме да ја добиеме работата ципура на жар.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Подоцна, откако италијанските фирми не ги постигнаа стандардите на југословенската, Љубен Христов и неговата Хидротехника, добија работи на градби на нови брани, во износ од 30 и повеќе милиони долари.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нека ги подучува нашите инженери Во подоцнежните работни средби во Тунис, по овој сигнал на претседателот Бургиба, Љубен Христов и неговата Хидротехника добија работа, се разбира на нов тендер, во висина од осум милиони долари за изведување на инфраструктурни објекти околу најновата брана на која работеше италјанската фирма, добитник на тендерот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На разделба, моите униформирани колеги ме поучија: - Како што гледаш, суштината на американскиот сон не е да добиеш работа - туку да дадеш отказ!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ја добив работата на библиотекар во Париз, во библиотеката Сент Женевјев.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)