добие (гл.) - согласност (имн.)

Таа го овластува директорот на основното/ средното училиште, откако ќе добие согласност од градоначалникот, а за државните училишта од министерот, да го обезбеди остварувањето на воспитно-образовната работа преку замена на вработените кои штрајкуваат, за времето додека трае штрајкот (чл. 3, ЗИДЗОО/септ.14, чл. 1, ЗИДЗСО/септ.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Исклучок претставуваат циркусите и забавните паркови кои за регулирање на својот престој треба да добијат согласност од општината која им одобрила локациско поставување на нејзиното подрачје (чл. 4 од ЗИДЗВРС/март.10). 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Битолскиот Грчки владика Партение беше начул за скарувањето Максимово со битолските и прилепските првенци, како и околу што било скарувањето, па скротил план како да го добие Максима за себе за од него да добие согаласност тој да ги освети општината и училиштето и така да ги направи грчки, па почна во Потковицата да испраќа свои луѓе, некои битолски трговци гркомани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така, при доставувањето барање за утврдување инвалидност или неспособност за работа, засегнатото лице од 2004 година е должно да достави и наод и мислење за својата здравствена состојба и работна способност од матичниот лекар, а покрај тоа потребно е и да добие согласност од лекарската комисија на Фондот за здравствено осигурување, врз основа на лекарски преглед (чл. 1, ЗИДЗПИО/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Љупка и Сашко се готвеа за годишен одмор, заедно со своите родители. Но, годинава за првпат добија согласност од мајката и таткото да чуваат маче во станот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)