добие (гл.) - стан (имн.)

Владимир Војнович - едно од најистакнатите денешни светски имиња од областа на сатирата, автор на “Животот и доживеалиците на војникот Иван Чонкин” - неверојатна и исто толку реална Швејковска авантура на еден руски војник; автор на “Ивањкијада”, долга сатира со исто толку долг поднаслов: “Како писателот Војнович доби стан”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Оваа ско­качка монтажа денес е едно од стандар­дните изразни средства на видео-спотот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа е едно ново раздвижување на границата на сатирата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Должината на Ворхоловите филмови нуди многу широки варијации, од 3 минути до 25 часа, и дури 1967 тие добиваат стан­дардни времиња на целовечерен филм и поголема употреба на монтажни зафати.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И ни праќаа писма во кои ни пишуваа дека ги растурија низ цела Бугарија и дека тој кој нема да потпише изјава дека не е Бугарин, тешко дека ќе добие стан и работа што прилега на неговата професија и образование.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така тетка Перса слушна дека армасникот на Деспина е оној што на времето нашарал една молба до властите по која молба тие и го добиле станот во Чаир, а откако си заминаа, речиси во самата квечерина, Пелагија ја дополни приказната за Атанаса, за неговата мајка Вета која со години еднаш во неделата го изодува патот од Мичурин до гробиштата каде што си поплакува на гробот од ќерката која со дваесет и две години си заминала уште во педесет и втората.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)