добие (гл.) - добар (прид.)

Се пушта абер наоколу, сите ја пробуваат, добива добра репутација.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И навистина, доби добра плата, но нели сепак беше роб?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа се продуктивни луѓе кои добиваат добри плати, но затоа чесно работат по цел ден...
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За разлика од тие на „Елисејските полиња“, овде за малку пари може да се добие добар оброк.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А Сврделот, не само што го подмирувал партизанскиот одред со сè што му треба туку ќе собере повеќе леб, сирење, облека и други работи и утредента, преку своите луѓе, преку тој Војнета и неговите пријатели во Ливаѓе, отповеќето што ќе го собереле по селата, ќе им го продаделе нешто на луѓето по селата и повеќето овде во Битола бидејќи по градовите тогаш се гладуваше за корка леб, а тој за возврат, за храната лесно добивал добри пари дури и од изгладнетите италијански војници.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)