добие (гл.) - друг (прид.)

- Кога ќе останеш за секогаш кај нас ќе добиеш друго име.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Поради тоа тие зазеле став да се извести Бејли да не го праќа определениот агент за Софија којшто требало да воспостави контакт и дека не треба да се преземе никаква акција пред пристигањето на мајорот Тејлор во Инстанбул или доколку Бејли во меѓувреме не добие други инструкции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од своја страна, А/Д 1 се интересирале колку Форин офис е заинтересиран за нивниот предлог да се воспостави контакт со "Македонците и ако се согласи со тоа, врз кои основи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како секогаш да беше лута.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Си избраа професии за кои и границата, враќањето добиваат друга смисла.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се упатив кон масата за појадок, со надеж дека ќе добијам друг оброк.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Оттогаш, од времето кога Потковицата му беше подарена на Мурада I Ходавендекер, Имотот доби други две имиња: Хас чифлиг (Слободен чифлиг) или уште, - така, на подбишега, го викаа сами Акиноските и сите жители на Потковицата - Ортачки чифлиг, то ест Акиноските со сила беа натерани да се „заортачат“ со султаните во Константинопол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Доника, нашата баба од која Татјана ја наследи бојата на очите и уште некои црти на лицето кои кога порасна добија друга димензија, беше најхрабрата жена во семејството на Кривошееви.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)