добие (гл.) - прв (прид.)

Оној истиот Филип од којшто го добив првиот љубовен бакнеж во животот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Поминаа неколку години од денот кога младиот волонтер за своите патеписни репортажи ги доби првите искрени пофалби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кон средината на април го добив првото писмо од жена ми.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По два часа, клекната крај мене на колена, со рацете и со главата во мојот скут, со голема доверба и со исчекување ми кажа дека ја добила првата менструација.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И, откако доби потврден одговор, го добив првиот (така го доживеав) комплимент.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Прашав дали можеби треба да честам; да не би да сум ја добил првата награда; тие се погледнаа сериозно, завртеа со главите одречно и рекоа, во еден глас, сосема сериозно: „Не“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На тоа доделување на најголемата филмска награда не се појави и не се дозна од која причина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во филмот „Растејќи со тревите” се појавува на тринаесет години и со тоа ја добива првата номинација за „Оскар”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас бев дојден да ги добијам првите информации од почетокот на првите американско-палестински разговори во Картагина, за да го известам што побрзо југословенското раководство за историскиот настан од пресудно значење за палестинско-израелскиот спор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овој разговор со Фарук Кадуми беше вон вообичениот дипломатски ред.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На осумнаесетгодишна возраст го доби првиот велосипед со помошни тркала (неговите другарчиња одамна имаа научено да возат).
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Човекот од кого ги добив првите часови од уметноста беше Emilio De Antonio - кога го запознав, сѐ уште работев како рекламен цртач. (...) Де беше првиот човек за кој знаев дека рекламните цртежи ги смета како “вистинска” уметност, и тој направи тоа, на тој начин, да го види целиот Њујорк.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Проектот на младите научници ја доби првата награда на една Фордова фондација од далечната Америка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Пред прозорецот на јужната страна од мојот стан се наоѓа едно мистериозно дрво.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Брат ми последен пат ми плаќа кирија. штом толку поради тоа се дере.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не знаеме каков вид дрво е. Се распрашавме, но никој не знае.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога ќе ја добијам првата плата, ќе си купам ламба, една убава од месинг, а кога ќе заштедам доволно, ќе си купам и кревет од месинг и една од тие масички со дезен на шаховска табла, знаеш тие со коцки од различни бои дрво, како и неколку килимчиња, и потоа ќе ги поканам на вечера него и жена му; никогаш не би можел да поканиш некого на вечера во куќата на Мајкл зашто таму никој не ги мие садовите и нема ништо друго освен Боб Марли постери и нечистотија и напади на врескање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)