добие (гл.) - првобитен (прид.)

Тоа нема да се смени во некоја голема мера.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Хетеросексуалната култура и понатаму е првата култура што ја доживуваме, а нашите субјективитети, нашите начини на чувствување и изразување, нашето чувство на различност мораат да се вообличуваат во контекстот и во рамката на хетеросексуалната култура. ‌Геј-мажите, како што напишал Сартр пред шеесет години, истовремено се служат со два различни референтни система.474 Тоа е така поради типичната општествена положба од која потекнува машкиот геј-субјективитет и во која машките геј-културни практики си го добиваат првобитниот облик: положбата во која растеш и те одгледуваат родители хетеросексуалци во нормативно и поимски, ако не и стварно, хетеросексуална средина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе бидеме настрани засекогаш. ‌Геј-децата сѐ уште растат, главно, во хетеросексуални семејства и во хетеронормативна култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нас на субјективитет нѐ тера барањето да бидеме неавтентични.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А дури и децата што не растат во стрејт-семејства, сепак, се изложени, во огромна мера, на хетеросексуалните културни облици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)