добие (гл.) - проширен (прид.)

Е, тогаш постои најголема опасност воајерите од плоштадот во Сиена да добијат проширено срце, што веднаш им се познава по заруменетите лица, а овде со векови наназад никој не црвенее од срам.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сркачите на кафе на плоштадот во Сиена задолжително фрлаат поглед кон фонте Бранда – со едното око ги гледале историските папско-царски и богаташки промендани, а со другото око, ептен ококорено, ја пулеле сегашноста низ белите гради на сиенските моми кои се враќале од вода со раскопчани елеци, баш како во старите македонски песни.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)