доближи (гл.) - во (предл.)

Пред да ти се доближам во таа ноќ те ослушнував во мракот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сакав како некогаш тој во силните и големи империи, да дојдам до вистината за владетелите, до кои животот како дипломат ме доближи во клучни моменти, да ја доразберам човековата суштина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Низок, збиен маж се доближи во мракот и откако се претстави себе и бројот на единицата, посоветува: - Не е препорачливо, генерале, да продолжите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се доближија во темнината до калето и ги залепија главите на ѕидот да наслушуваат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)