доближи (гл.) - полека (прил.)

Столбот молчеше, пресметнуваше. Потоа му се доближи полека и го фати под рака.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се доближи полека, прикрадувајќи се, на она место, го подигна предното ноженце божем да пречекори уште еднаш, но ноженцето сега сосема само се врати назад и срнчето отскокна пак, сврте неколку пати поигрувајќи по собичката, секогаш повторно доаѓајќи од она место и секогаш сѐ побезумно отскокнувајќи назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)