довери (гл.) - дека (сврз.)

Тогаш ѝ се довери дека ќе се мажи за пријателот што и овојпат ги возеше со колата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Фрежис, 23 јануари 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога бев вљубена првпат, вторпат, којзнае којпат по ред (а се влубував на пола час, силно, страсно... и ми поминуваше!), и тогаш скокав до кај другарка ми за да ѝ се доверам дека, ете, пак сум вљубена.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Има и на што – ѝ реков. – Сите ние сме сопственици на понекоја скапоценост што љубоморно ја чуваме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога останавме сами Дуда ми се довери дека Џорџ бил многу љубоморен на нејзините гради.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Едгар Морен ми се довери дека во телеграмата со благодарност која ја добил од Клод Диран, се охрабрил да му напише, во одговорот на честитката дека греши што прекинува со објавувањето на мојата балканска сага. Неговата поддршка остануваше апсолутна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)