доврши (гл.) - работа (имн.)

Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Излезе пак надвор, донесе едно уште поискинато козинавче и и го префрли на Доста до гради, па сакаше нејќеше, се заеука да ја доврши работата што ја започна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги остави да си ја довршат работата. Акцијата полека завршуваше.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)