договори (гл.) - дека (сврз.)

До крајот на денот Пелагија и Перса уште еднаш убаво се договорија дека од сега натаму таа, баба Перса, ќе ја има грижата малечката Пелагија навреме и безбедно да стигнува до училиштето и од училиштето до дома.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Нели се договоривме дека ќе одиме на едно поинакво патување, не сфаќаш? Сфатив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, па, вака – рече таа. – Од каде тргнуваме за Гоа? - Од Бомбај.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)