додаде (гл.) - во (предл.)

И додади во мое име уште нешто. - И во мое. - И во мое.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
— Ами шо... Сигурно некој ага треба да се проплеска, та вели војводата, ти си стар мајстор за тие работи; што може друго да биде? — му одговори Шаќир на кое Толе се израдува, а како утеха за „пеењето" си додаде во себе: „Зар, пак војводата Петре не се вртка околу Пацето во Вепрчани?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И си додава во мислите: Зашто нема закон а ни сила која да ги брани, сами ноќеска си чуваат стража, мисли на сите христијани од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе му го реча в очи и ќе си замина, — си донесе Толе решение и го зеде Трајка со него, та еден убав пролетен априлски ден, по канал, пак преку Врпско, прејде во Гудјаково, а оттаму преку Никулица отиде во Вепрчани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токму нив, тие три мали лаги, треба да ги додадеме во приказната како основа на овој љубовен лек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зашто, тоа нема да можат да го остварат сите читатели на овој текст.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И си додава во мислите И добро е што тогаш не се сети на тоа, зашто во стравот може ќе се излажеше и ќе застанеше, па заптиите врзан ќе го отераа на ујќумат, а таму...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)