доживее (гл.) - прв (прид.)

Ноќеска повторно го сонував оној сон, но наместо она физичко чувство на ужас што го доживеав првиот пат, а какво што никогаш несум доживеала на јаве, овој пат имав некакво интензивно, мачно, скоро сладострасно чувство на ученик кој е фатен дека не ја научил лекцијата за која јасно му било речено дека мора да ја совлада ако држи до својата иднина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Му се случија две работи: се здоби со доживотен пријател и ја доживеа првата зрелосна болка на којашто не ќе сака да се сеќава, ќе ја пади од мислите како здодевна мува, но што ќе има влијание на дообликувањето на неговиот карактер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)