доживува (гл.) - во (предл.)

Мене ми остануваа сведоштвата за Арафат од времето на почетокот на остварувањето на политиката чекор по чекор која ја доживував во Картагина кога овде започнаа првите американско- палестински разговори, во пролетта 1988 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бојан долго не заспа. Веќе ја доживуваше во мислите претстојната средба со своите родители, веќе се замислуваше повторно во родителскиот дом, во училиштето, меѓу другарите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Почнувате да го разбирате вербалниот излив полн со страдање, буквално, физичкото ползење, напнатоста на мускулите, очајот, анксиозноста и стравот кој се доживува во бескрајно многу видови, и можете да ја согледате врската меѓу овие реакции и различните средински ситуации, од кои некои се во доменот на архитектонското.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Поетот Махмуд Дарвиш не веруваше во својата поезија- живот дека постои враќање од егзил. Тој својот раиз ќе го напушти на овој пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На дланки ја пишувале Во неволја ја допишувале Од немајкаде ја препишувале Без зборови ја умножувале Во снег ја вжештувале Редовно ја потстрижувале Во кисели овошки ја унижувале Крај влажна кожа ја доживувале Во остатоци на смев ја сожалувале (Била струја Била и темница) Сега е литература Под сигнатура 49 И
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Меѓутоа, треба да се нагласи дека сетилните искуства предизвикани со дрога многу често се доживуваат изолирано, поради оштетување на синтетичките функции на мозокот и дека неопходниот гешталт во текот на делувањето на дрогата тешко непосредно се доживува во својата неопходна неделивост на финалното доживување на формата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)