дозволува (гл.) - да (сврз.)

Да, си дозволуваме да живееме во радост, пред да нѐ зграпчи несреќниот крај на козите, не сакајќи да ги пропуштиме последните мигови среќа со нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За луѓето на кои верата им дозолуваше да имаат кучиња тоа беше најголемата навреда што можеше да им биде нанесена.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Почна да се жали по луѓето. Главно меѓу оние на кои верата им дозволуваше да држат кучиња.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас имам“, вели, „персонал интерес. Ги имам сите документи. Не дозволувам да се продаде куќата од некоја мафија“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Андон третпат не откажа, иако слабото здравје не му дозволуваше да пие.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Утрото, кога ја виде умрената овца веднаш, без негова желба му се наметна мислата да ја расчеречи овцата, да ги храни со неа кучињата, како што правеше понекогаш дедо му, но веднаш потоа таа мисла му се виде одвратна, а сега речиси и не дозволуваше да мисли на такво нешто, па ја одвлече овцата преку потокот и ја закопа длабоко во снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Пред да ги спои Даниел речните брегови, Луда Река била како див пастув кој не дозволувал да биде оседлан.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа му пречеше цел живот да биде среќен: зависта не му дозволуваше да се насладува со она што го има, оти постојано се вознемируваше со желбата по она што му недостига.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Девијантниот секс можел да ѝ избега на патологијата преку нормативниот родов идентитет и родовиот стил: ниту конвенционално женствената жена која си дозволувала да ја задоволува некоја машкуданка ниту ороспиецот што се идентификувал како стрејт, а кој играл мажествена улога кога им се проституирал на обратни, женствени мажи, не подлежеле редовно на постојан лекарски надзор сѐ додека не поминал добар дел од дваесеттиот век.48
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Едно попладне на почетокот од јуни, кога Матилда го остави јас да го причувам додека таа бараше лекови за Зигмунд низ Виена, Хајнерле ми рече дека мора да е многу убаво сега во парковите, а јас само климнав со главата, „И цветовите сигурно чудесно мирисаат,“ продолжуваше, јас промрморев нешто, потврдувајќи, додаде дека и птиците сигурно пеат поубаво отсекогаш и двапати свирна со устата, имитирајќи птица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Најпосле, дали особините на крајните или периферни македонски наречја и говори ни дозволуваат да ги сметаме за поблиски до средното и најтипично македонско наречје велешко-прилепско-битолското или до централните наречја на српскиот и бугарскиот јазик?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Боледувајќи по Бранка, низ носталгијата на Шумановата соната за виолини во Д-мол, Горчин се предаваше одвнатре, од најдлабоките клетки, на слатката омаеност на сетилата, дозволуваше да го голтне мемливата полноќ, во која на крајот мораше да се удави – занесен, несмирен, неспасен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Дома не дозволувам да се пуши. Ете, затоа пушам на балконот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не дозволувајте да ве поколебаат, издржете во вербата своја и во страдањата, па и тогаш кога ве навредуваат, кога ве прогонуваат, кога ви го одрекуваат она што е ваше!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не дозволувај да те обземе досада, од неа направи штрудла со вишни, и измиј ги садовите.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Но совеста не ми дозволуваше да одам дотаму, да бидам пред него и пред себе лицемер.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Или, може сум само обичен муштерија, за чија необичност, професионализмот не дозволуваше да се отвораат премногу прашања.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Овде ретко кој умее да го прескокне јажето на нацијата и патриотизмот и да се затекне во Доблеста која веќе нема никакво национално или патриотско алиби коешто, ете, во „кризни времиња“, ѝ дозволува да се заборави, то ест да биде употребна доблест на оваа или онаа нација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Имаше во верувањето на овие источни деспоти во залезните години на животот некаква внатрешна, необјаснива, митска, идеалистичка, донкихотовска сила, која не дозволуваше да ја напуштат власта, кога речиси беа во физичка немоќ да ја додржат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оваа појава подоцна ја доведував во врска со нашата постојана балканизација, односно ропскиот менталитет кој не дозволуваше да излеземе од орбитата на деспотската власт.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го беа избањале и му дозволуваа да се мие релативно често во еден тенекиен леѓен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повторливите економски кризи од минатото беа сосем непотребни и сега не им се дозволува да се случуваат, но затоа други и исто толку големи пореметувања можат, и се случуваат, без секаква политичка последица, затоа што не постои начин на кој незадоволството би можело јасно да се изрази.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога знаеш дека сето тоа е бесмислица, зошто дозволуваш да те загрижува ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во практиката, на пролетерите не им се дозволува да влезат во Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да не му се дозволува да шета.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Знаете, креативноста не дозволува да биде индоктринирана. Никому не можете да му ја затрете смислата за хумор, таа брза релативистичка способност на течно и брзо жонглирање со идеи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На заболените луѓе власта не им дозволуваше да излегуваат од дома.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Признај, зарем не ми порача дека љубовта е прекрасен оглав кој колку и да нѐ стега со задоволство дозволуваме да нѐ води?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А потоа и онаа помисла: ако навистина сметам дека доброволно дозволувам да ме води животот, од каде тогаш чувството дека доцнам иако втасувам речиси на време на автобуската постојка?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постојано ме гледаше како да зборувам за некоја ситна, љубоморна женска караница, па можеби тој негов поглед ми ги правеше зборовите толку бесмислени и не ми дозволуваше да се оправдам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Само ја турнав чинијата за да ја оставам Маци да ја излиже, но уште пред да ја тргнам раката Маци ја подаде шепата за да ме гребне.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Уште повеќе што Стејт департментот, општо земено, пред испраќањето им давал најминимален тренинг и брифинг пред да ги именува овие службеници и им дозволувал да работат со многу слаби политички директиви од САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Партиската дисциплина не им дозволуваше да прашуваат и да знаат зошто така прави Захаријадис?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги сакаше Бошко јорганџиите, и стоеше пред нивните дуќани залапано, додека тие го дрндаа памукот пред негови очи, ја сакаше папуџиската чаршија каде што на шега му дозволуваа да обуе лева папуча на десна нога: во кујунџиската чаршија со големи стреи и кепенци, каде што златото и среброто блештеа и го заслепуваа, се смееше будалесто: но најмногу од сѐ го сакаше безистенот, чист и среден, со мириси на ѓулсуи и темјан, каде што по калдрмата пред дуќаните не се растураа распарани опинци, парчина тенеќе или шајки, и каде што можеше да влезе од една врата а да излезе од друга, и пак од таа што излегол да се врати назад.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)