дознае (гл.) - зошто (прил.)

Само, ете и јас, будалиот, што така без престанувачка си дрдорам, не знам и јас, кутриот, дали некој и таму каде што си тргнала, ќе дознае дознае зошто си го понела ова излитено веленце?...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Осоколен од љубопитните очи на девојчињата, кои со нетрпение очекуваа да дознаат зошто сум ја зел скалата и каков мајмунлак сега готвам, го презедов најинтересниот подвиг сам со себе, оти човек себеси треба да се запознава цел живот, оти може многу повеќе да стори одошто мисли дека може, и одошто општеството, преку дипломи и документи му кажува дека може.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Никогаш не дознав зошто мајката и сестрата на Земанек живееја на другиот крај, во друго предградие.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Подоцна, не веќе во безумен очај како пред доаѓањето, Онисифор Проказник се обидел да дознае зошто човекот со остра коса носи под кожувот лита мантија што се тутка во прешироки беневреци но пред тоа мислел дека неговата словенољубивост подмолно се пресметала со едно попче што не сакало или не умеело во манастирот да пее на разбирлив јазик пред да се џембоса претепан и по гаќи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна некој бабуњосан Адам Лесновец, за кого можело да се поверува дека удрил со муцка во улиште, им кажал на луѓето од дружината дека човекот во ветов кожув се вика Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никогаш не дознав зошто паднав на сите испити.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Едноставно ми беше речено да ја повторам целата материја следниот пат, без да бидам обврзан да ги повторувам курсевите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пропаста е пропаст затоа што враќа со лошо! Покрај неа никогаш нема да дознаеш зошто и како ти се случила несреќа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таткото, глав­ниот лик во романот, постојано настојува да дознае зошто во овој порочен балкански круг, во кој секогаш треба да се почнува одново, било одлучено од највисоко место – да се уништат козите!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не дознав зошто: дали од жал го стори тоа или почувствувала дека е таа виновна за тоа, или пак сакала со тоа да ја замачка работата, да разгласи дека не било ништо, дека не сум ја силувал за да не биде ”бела врана” во околината...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)