дознае (гл.) - подоцна (прил.)

За нивниот однос дознавме подоцна, од брат ѝ Густав, а Клара тоа го премолчуваше, Клара низ смеа раскажуваше како луѓето фрлаат по неа со камења кога ќе ја виделе како вози велосипед или кога е облечена во пантолони, затоа што во тоа време беше срамно жена да носи пантолони или да вози велосипед, Клара со мачнина раскажуваше за децата кои останале на улица по смртта на родителите и кои умираат премрзнати и гладни, Клара со гнев раскажуваше за неправдите кои ги трпат жените во браковите, и повторуваше: „Ние девојките самите треба да го земеме она што светот и ова време не сакаат да ни го дадат.“ …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веднаш откако ме погодила, тоа го дознав подоцна, Валери се свртела и пукала во Марио Амаја и го ранила во ногата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Старицата до неа, Миа Краус, со која патувавме од Виена, зборуваше за своите внуци.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сето ова го дознав подоцна, зошто во тоа време бев многу наивен; сакам да кажам, ако не видиш некого дека се боцка, не можеш ни да поверуваш дека тој тоа навистина би го направил.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Честопати мислев на светот и времето кога бевме девојки, мислев кога веќе одамна не бевме девојки; мислев на девојките на нашето време, за кои Клара велеше дека конечно треба да се ослободат, девојките за кои мојата мајка велеше дека местото им е во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите се боцкаа точно во вената, освен (а кој друг) Дачис која се боцкаше под кожата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Старицата која на масата седеше спроти нас, а чие име, Јохана Брох, го дознав подоцна, зборуваше за својот син Херман.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Били и неговите веќе го окупираа местото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)