доликува (гл.) - во (предл.)

Луѓето не стануваат она што требале да станат според својата природа, туку она што од нив го прави општеството...благородните чувства...како да се собираат, свенуваат, насилно оттргнати и отсечени за да ни доликуваат во општењето со светот - налик на деца-питачи, осакатени и унакажани од родителите, за да што подобро се вклопат во она што ги чека во животот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во прво време секако треба да стигне вест во Македонија дека дедото Костадин, кој им овозможи на многумина да се вратат во дирата на дедовците, е веќе кај дедо Господ и ич да не се сакалдисува баба Петра оти на тој свет е испратен со сите почести, дури и со биење на камбана како што доликува во христијанскиот свет!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)