донесе (гл.) - мој (прид.)

Утре ќе ја донесам мојата труба, па кога ќе поминуваат возовите ќе трубиме, нели? - Ќе трубиме, - се согласи човекот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не бев случајно во Ардените, ниту пак случајно овде ме донесе мојот земјак Христов.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Значи, кога се носи одлука, да речеме таква каква што донел или ќе донесе мојот хендикепиран роднина, се користиш и со мислата и со чувствата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А, сега си само странец пред мојата врата, туѓинец за оваа душа која не те познава.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Љубовта е одговор на моите немири, летни дождови врнет во мојава душа, ти ќе дојдеш и ќе ми го донесеш мојот рај.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да го донесе мојот подарок.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)