донесе (гл.) - цел (прид.)

Иако од бегалците, невестата му се погоди како од мал со кум да ја одбирал, па помило ѝ беше да ја насмее со своите шеги одошто да ѝ ја донесе целата плата, а пак самата таа на свекрвата ѝ одвраќаше со истата смешливост на мажот, што ќе рече на нејзиниот син.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој ден значи донесе цела стодинарка бакшиш. А знаеш што значеа тие тогашни сто динари? Полна вреќа бело брашно.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Камилски инсистираше на нови наслови, но Татко остана на своето нагласувајќи: Ако ја најдеш книгата на Вајсман, тоа е како да донесеш цела библиотека за јаничарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)