допушти (гл.) - оти (сврз.)

Може да се допушти оти таква војна може да се очекува, зашто во комитетите има членови не само Македонци, ами и Бугари, и последниве никојпат не ќе се согласат со новото течење, зашто со него ќе се закопаат бугарските интереси во Македонија; исто така има и меѓу Македонците членови на комитетите лица што ќе расудуваат вака: Сега на старост ние не можеме да учиме нов јазик: бугарски знаеме и бугарски ќе зборуваме, – ние сме Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пак и да се допушти оти востанието тогаш ќе биде и посилно од сега и ќе ја принуди Европа да свика европска конференција, може ли некој да предрече оти решенијата на таа конференција ќе бидат во наша полза? – Одвај ли.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Може да биде сосем спротивното на тоа што го реков јас погоре за комитетите, т. е. тие се готови да ѝ дадат на Европа секакви гаранции Македонија да не се соедини со Бугарија, но тие никојпат не ќе се согласат да се упразни во Македонија бугарскиот јазик и бугарското име во полза на централното македонско наречје и името „Македонец”, со други зборови, тоа што го реков јас дека имало само еден чекор од таа положба што Македонците и македонските комитети по македонското прашање се држат кон Бугарија, па до полното отцепување на Македонија и Македонците од бугарските национални интереси, не е право, зашто не еден чекор, ами цела пропаст го одделува едното од другото, и комитетите ќе покажат најсилно спротивставување на новото течење; 2) ако се допушти оти комитетите никојпат нема да се согласат со упразнувањето на бугарското име и јазик од Македонија, а заедно со нив против новото течење ќе биде и целата македонска интелигенција со бугарско образование, тогаш од каде ќе црпи сила за себе новото течење?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)