досети (гл.) - дека (сврз.)

Дедо Васја не пушеше многу - кашлаше, но не смееше да се откаже: - Фала другар, а ти од каде си?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Земјак сум ти - гласно рече човекот штом се досети дека дедото е наглув.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На Еда Бранов, писателот, не му требаше многу да се досети дека автор на овој идентичен ракопис не може да биде некој друг освен оној Методија на Јосифа Јовановски од Брајчино.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Арсо сакаше да му каже некој утешен збор, просто да се досети дека тука има човек кој ја знае неговата мака и му е близок.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Требаше да се досети дека нешто се случило кога рано утрината неколкупати таа се обиде да му се приближи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Покрај волкуте истоштени луѓе, а и оние, тројцата, што мораше да ги надгледуваш, сигурно тешко може да ти пријде сонот!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Те обеспокоивме? ”, ја беше прашал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Трифун се досети дека тоа можат да бидат само гуските на мајката Роса, само не се наведна да ги преброи, сигурно се пет, сите знаеја дека имаат пет гуски.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Терасата е корисна, но јас еднаш се досетив дека од неа би можело да се „извади и некој динар“, па ѝ предложив на баба ми да ја пренамениме (тој збор го употребува татко ми кога со Славко и со Кара разговараат за бизнисот) со базен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Доначудување немаа ни откако правта слегна и се растргна, враќајќи им го пред очи селото какво што си го знаеја, но им остана да нагодуваат каде застанала колата, додека најпосле не се досетија дека застанала пред одамна испустената и во скреби зарасната куќа на одамна изумреното и поштомено семејство Веговци, на висот над реката, речиси над село.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Речено сторено, но потоа се забележало дека од бунарот избива чад, па се досетиле дека Чанга и козите добиваат храна од добро организираните козари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)