дотури (гл.) - во (предл.)

Завладеа тишината. Татко му дотури во полупразната чашка ракија на Камилски и ја наполни својата. Наздравија, но секој во себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Некој си дотури во чорбата солца, некој оцет, а Живко ракиичка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Интересно, - рече и си дотури во чашата, па ни ги наполни и нам, ама Преда го предупреди: - Тебе само една, оти си машко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пелагија малку по малку навлегуваше во светот на Дончо, во неговата подготвеност за на училиште и веднаш заклучи дека и тоа е умно колку и нејзината Пеличка, ама она што го знаеше самиот го откривал талкајќи низ стопанството, а изгледа мајка му ни малку не се интересирала да дотура во тоа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)