дочека (гл.) - одговор (имн.)

— И Доста стана без да го дочека одговорот од Бојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Времето толку се растегнуваше што почнуваше да губи надеж дека ке дочека одговор.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И без да го дочека одговорот, додаде, „Зашто сакам да ти направам торта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Како ти се допаѓа мојата песна? И без да дочека одговор почна да објаснува.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Ја видуваш ли на школо? - праша веднаш потоа тетка Рајна, и без да дочека одговор продолжи - колку е добра, колку е добра...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Си дојде ли чичко Јован? — праша таа и го запре здивот да го дочека одговорот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Како изгледам? Не дочека одговор.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)