дојде (гл.) - ред (имн.)

Не дојде ред да го чујат мојот совет или мојот збор за тоа дали можам нешто да сторам со заробената вода над Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И порано ќе ми кажел, ама не дошло ред, друго е сега кога на чуден начин сме се нашле надвор од секојдневието.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Којзнае сега на кого ќе му дојде редот...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Најпосле ни дојде ред и нам, откако Коле под името на дружината го вреж и своето име.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Денеска му дојде редот и на прислужникот Петре. - Кутриот, што им скривил, маченикот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го влече Буза за рака низ селото и штом ќе сретне некого, ќе го гризне зајадливо: - Вам ви дојде редот. Доста беше со мене...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Откако ги претресе селата по левиот брег на Црна, дојде редот и на Толевиот „пашалук" — старо Мариово, по десниот брег на Црна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почна со јаслите од долни крај, продолжи со амбарите, каците, ноќвите, а кога и овие се досвршија им се загнаа на кочините, говедарниците, та дојде редот и на племните во кои живееја селаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од овој момент тој за мене веќе не постои и ништо не ме обврзува спрема него, бидејќи тој ја изневери борбата на народот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако дојде редот пак да ни солите памет од преку граница, тогаш ќе се прашаме! — одговори еден од Борисовите четници и помина во другиот табор, инстинктивно чувствувајќи кој е со народот, а кој против него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од еден до друг селанец, дојде редот и на Трајка да биде распрашан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога дојде редот за постилање, Мише извади нова рогузина, нови покрови и нова перница и му посла на Толета на чардакот над земник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од Крушевица негова дотрча братучед му Петко и се му раскажа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откривајќи ги куќите, студот сѐ повеќе и повеќе навлегуваше во покриениот, но одграден простор и огнот мораше да плапоти без престанок.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега, тој им зборуваше на сиџилите: Спокојно, спокојно, на сите ќе ви дојде редот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ако дојде редот нему да мораш да му дадеш пијачка, тури му во чашка, ама спастри го шишето оти тој сам ќе се фати за него.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Меѓу нив, меѓу редовниците, постоеше договор, а него никој не смееше да го измени, онаа, на која ѝ дошол редот, да биде извикана од таа што налеала вода пред неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па така, ред по ред, некаде до осумте часот изутрина, од бунарите и од чешмите ги снемуваше сите садови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Луција стоеше во стројот и чекаше да ѝ дојде редот; јас со поглед го барав Земанек, го молев, го проколнував да му се случи нешто, да го удри инфаркт, да падне, гром да му отепа мува на челото, што и да му се случи, во краен случај да му се оди по надвор, само да замине и да ме постави мене на неговото место, како заменик, оти стројот брзо се движеше и Луција сѐ поблиску доаѓаше до него, до Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Знаевме, и чекавме да дојде ред на нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно утро војници разнесоа списоци во зградите од нашата улица, со упатство што сѐ ни е дозволено да понесеме со себе, и наредба на дваесет и деветти јуни таа 1942 година, во шест наутро да бидеме на железничката станица на крајот од квартот во кој живеевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се влечкаа нозе по подот, завревија во хор возбудени гласови, засолнет зад розикавата завеса на клепките, Арсо претчувствуваше дека веќе дошол редот на претседателот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Па, кога дојде ред на мајка ѝ и татко ѝ (кој ја намириса целата сала со „Б’лгарска роза“ што ја имаше истурено врз себе и беше тазе избањат) сите мораа да станат зашто не беа виделе таков настап на фолклорно друштво од двајца плус невестата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Не, сестрице, и реков, мене овдека Јон ме доведе и одовде само мртва можат да ме изнесат. Кога ќе ми дојде редот, ѝ реков.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Му дојде редот, прашува Јон и иди кон мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега дојде редот, кога јас кажав едно чисто: те сакам. Ми беше возвратено спротивното.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ми дојде редот! Ми ја определија можната варијанта напад од Исток!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ајде, снао моја Трајаница - и оваа умирачка ми била пишана пред да ми дојде редот... и рацете да ѝ ги крстосаме, и твоето крсте, и стракчево ангелика - ангелите да ја вардат таму кајшто безвреме си заминала... сѐ така си мрмори баба Петра, небаре кажува молитвени зборови...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога дошол редот на Петар, овој не дозволил, велејќи: - Господи, ти ли ќе ми ги миеш нозете?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Секоја куќа била должна да му дава по еден печен вол на ден за да јаде; кога дошол редот на Чулко Заумко, тој се послужил со итрина: го испекол волот и го премачкал со отров што го собрал од многу отровни змии; кога змејот го изел волот, се отрул.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но јас сепак слушнав уште една песна, кога дојде ред на третиот грамофон B-10.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Најпосле дојде редот и на Сула-колџијата. Ристе му ја задржа раката, а и намигна на Боја тоа да го направи оти си има Ристе со него муабет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се послужи кафето, дојде редот и на ѓумчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сестро! Сестро! Дојде редот пак да се видиме – заврши Арслан и две негови солзи и капнаа на Анѓа по косата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Та, ете, и дојде редот и нејзе да биде клоцната заради таа што требаше да дојде по неа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога ќе дојде ред, ќе те однесам.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога дојде ред да одморат и да поткаснат, малку понастрана од купот седна Пелагија и ја рашири шамијата со коматот леб и сирење, а за да не биде сама, крај неа квакна Танаскоица со краишник и голема грутка сирење.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таа целиот живот нас нѐ спасуваше, животот ѝ мина во тоа, но сега ѝ дојде редот да ја спасуваат нејзините чеда!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вујна Клементина ќе почувствува дека ѝ беше дојден редот да си го каже своето: „Мојата внука Ервехе ја загуби мајка си на раѓање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Сега мене ме спростревте на маса за мајтапење, ама имај се на умот, и тебе ќе ти дојде редот“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога му дојде редот да зборува, прво помолче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ама бидејќи на времето ме местеше тој мене, сега дојде редот да го наместам јас него. Ти текнува?
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Србин и Шишман си знаеја дека сега е дојден редот нешто друго да чујат па скоро шутејќи чекаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го врзаа Ламбета и сега дојде ред на Трајчета.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Стасаа пред Струга. Стражарите ги запреа. Го претресоа Анѓелета. Дојде ред и на Трајчета. Стражарот со брадичката му пристапи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од оние што поминуваа под неговиот брич некој се излајал дека си има нешто закопано за ако дојде ред да се враќа назад без и да помисли дека овој што го слуша тоа може да го стори уште веднаш!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
— Знаеме дека знаеш, вели. Ќе дојде ред да молиш за да признаеш, вели, по колена ќе одиш и ќе молиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И сега како да беше дојден редот откако се мина границата спасот на семејството да се прерушти на татковата грижа, кој впрочем и го поведе семејството на другиот брег од езерото.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Еден ден, кога пак му дојде редот да се храни кај нас, баба заборави да му стави лажица.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Овчар бил. Еден ден, кога му дошол редот, другарите ги скорнале овците, а тој останал на бачило да го премести трлото, да ги измие каците, да ги испере цедилата и да стори сѐ што требало за да можат вечерата, кога ќе ги измолзат овците, да го спастрат млекото.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
ЈАКОВ: Дојде ред и на тоа! (Грмотевица. Музика. Се отвара дното, се покажува дуплото дно. Хаос.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Еве, синчево мое Петре ќе порасне, ќе дојде ред ќе се жени, ќе изроди дечиња.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сега би било најдобро да ѝ речам дека сум зафатена, да ме остави на мира, како што таа знае да ми каже кога ме „откачува”, ама не дека немав срце тоа да го сторам, туку единствено затоа што бев љубопитна што ќе ми каже, прифатив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Опаа – ликував – дојде ред таа мене да ме моли да се дружиме и да ме прашува дали имам време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Учебната година заврши.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога ќе дојде ред на мене?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се разбира, сигурно е дека сите му досадуваа за кратко време, па така, после заведувањето на Лима, мене ми дојде редот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)