држи (гл.) - глас (имн.)

- Свадба нема да има! - викна колку што ја држи гласот, - заради сервираната лага и подметнатото кукавичјо јајце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Молчеше за сето време, додека човекот над него продолжуваше да вреска, додека го држеше гласот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Тешко?! - викна Давид колку што го држеше гласот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Доно постојано ниско држеше глас, често прекинуваше колку за да си ги голтне солзите...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Застани - викав колку што ме држеше гласот додека трчев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А зошто викаш толку гласно? – се чудеше Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На свијоците ги шири крилјата како авион, скока и креска колку што му држи гласот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Еразмо викаше колку што го држеше гласот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Веќе не знаеше што да направи повеќе. Ја фати паничен страв и летна да бега надолу кон автобуската станица на патот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Викаше колку што ја држеше гласот, но никој не ѝ се одзва. Ѝ се одзиваше само нејзиниот грлест глас, ѝ се враќаше по стрмните и кривулести улички.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Колку што ми држи гласот ѝ викнувам, и се бувнувам во печалката. 111
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колку што ми држи гласот викам, небаре од змија касната.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)