држи (гл.) - дете (имн.)

Со едната рака го држам детето, а со другата си помагам, се зачекувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но кога ја отворил стрико Никола Мала врата, на месечината веднаш се видело дека човекот не е некој поганец; в раце држел детуле, сето завиткано со кожуви, а по себе водел коњ, и го пуштиле да влезе внатре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го држев детето цврсто за раче и шетав по собите од музејот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Што ви е, стар занесенику? рече тој нетрпеливо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во рацете држеше дете, чии болни очи ѕиркаа под парталавите пелени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)