дувне (гл.) - ветар (имн.)

Само името му е сукно, инаку ако дувне ветар, целото ќе се растури.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога дувнува ветар, што во пластови надоаѓа од планините, облаци црвеникава прав висат над бараките.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога дувнува ветар, крева облаци црвен прав, ги врти над каменестиот остров и не останува ништо каде што не успева да се изнапика.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога дувнува ветар, што во пластови надоаѓа од планините, облаци црвеникава прав висат над бараките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој човек ми е мене пријател!... Нема со прст... Инаку... Инаку... ќе те дувне ветрот!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)