е (гл.) - втор (бр.)

Нарушувањето на Берлинскиот договор и стамболовскиот режим крстени „самостојна национална” политика на Бугарија, на тоа политичко, каприциозно, неполнолетно недоносче, е втор удар за политичката слобода на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За време на социјализмот и Златен Тито, да имаш пријател во маалското продавниче беше исто како денес Бранко Црвенковски да ти е втор братучед.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
На мнозина ова им е второ капење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ова е вториот маж што го имам, вели, а може и прв да се рече, вели, оти со првиот немам в постела легнато.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Разумот е втор, прв е гневот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Наплати ги трите!“ е реченица од сопруг кој ја љуби жената своја, ама и некоја друга едновремено и паралелно, а таа, во моментот кога ѝ ги подавам ќесите веќе му простува, а не му била ни лута, и таа во некоја друга куќа е втора.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Првата? - Е вторите две да ти се реализираат!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)