е (гл.) - заврши (гл.)

Можеме да го видиме како мрзеливо ги бара податоците во матичната книга и испишува: “Jacques Derrida, роден на 15 мај 1930. г. во Ел-Биар, Алжир”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нема проблем со ликовите. Половина е завршено кога ги имаш личностите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ете впрочем писмово е завршено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најдов сила да простам, во моето срце има место за една љубов,дојди и кажи ми една добра причина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нема да останам во минатото, љубовта не е дух, судбината не е предодредена, судбината ја градиме ние, не се откажувам, не е завршено, бескрајот е последна станица а во следниот перон сум јас, тргнав за да бидеме заедно, зошто никогаш не се изгубивме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога веќе мислев дека тој разговор е завршен, пак го слушнав гласот на тетка Рајна: - Еве другава зима веќе е на прагот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сликарот забележа оти платното е завршено, совршено исликано, со чудесна убавина исполнето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Беше дваесет и први јуни, кога главниот инженер извести дека најпосле работата е завршена и водата може да потече.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А ова ви е просто, обично и најчисто англиско писмо: елеганција нема каде понатаму, тука сѐ е убавина, бисер, перла; тоа е завршено, но еве, има и варијација и тоа, пак француска... истото англиско писмо, но црната линија е малку поцрна и подебела одошто во англиското, така е пропорцијата на светлината нарушена...“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така се пишува државен документ кон важно лице, исто така валчесто писмо, прочуено црно писмо, црно напишано, но со прекрасен вкус...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Надвор! Зарем не гледате дека породувањето не е завршено! – ги бркаа гинеколозите развеселените жени, кои мислеа дека веќе се слави успешното породување на нивната пријателка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Нешто е започнато еднаш и не е завршено така што се чувствуваме тоа, најпосле, на сон или на јаве да го одредиме и да го завршиме.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Моето враќање и за таму е завршено!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)