е (гл.) - замине (гл.)

Следниот ден беше Благове, празник, и ние учениците очекувавме Петре Даскалот да нѐ собере, ама манастирското клепало не удри и се разбира оти тој не е в село, заедно со другите некаде е заминат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
— Полноќ е замината, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во четврток, точно пет минути пред пладне, го носам текстот во редакцијата, но Таа веќе е замината. Не на Халкидики, туку во Париз.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа е затурена одамна, или е замината, како и мртвиот пријател, во окото на птицата што упорно колве по нашите спомени. Или надежта проврнала како студениот дожд.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)