е (гл.) - запише (гл.)

Ние сме народ чија адреса е запишана во Библијата.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
„Во документите. Тоа е запишано.“ „Во документите. И..?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден ден тој ќе исчезне. Тоа му е запишано на лицето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како да бидеме праведни?‘Тогаш ви реков дека во Светото писмо е запишано: ’Праведникот ќе живее преку вера!‘ И уште ви реков дека сите сме грешни и дека нема ниту еден единствен човек што сам по себе е праведен, оти грешни сме се родиле и грешни умираме, та само милоста Божја кон оние што поверувале ќе ги спаси.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Јас секоја вечер го препишувам словото што е запишано на неа, и секојпат поинаку изгледа словото што го препишувам, со нови значења, и смисла нова добива.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Писмородецот рече дека такво нешто во текстот нема, дека не е запишано, а јас видов дека тој не ја гледа таа нишка од пајажината, и дека ја гледа само онаа најдебелата, и дека не дозволува некој друг да гледа нешто што тој не виѓава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога Филозофот го прашал слепиот од каде знае што е напишано на штичката, кога тоа што е напишано сочинето е со букви за него незнајни и неразбирливи, овој му одговорил: „И кога допирам запис од писмо непознато, јас знам какво собитие е запишано; така, кога ми ја даде штичката со твоите букви, јас видов дека за мене тие знаци се непознати; но сепак разбрав за какво собитие говори записот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Да, - се досетив, - Кире, на тетка Маја е запишан во Карате клубот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Точно, токму така беше... Така беше и добро е да е запишано.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вистина е само она што е запишано на вратата на крајот од ходникот. А ходникот завршува во северното крило на приземјето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)