е (гл.) - каже (гл.)

Овој пат таму, крајно игнорантски и безобразно, му е кажано дека „може слободно да тужи“ – алудирајќи на претходните „случаи“ како него, кои исто така тужеа но го изгубија спорот останувајќи изиграни и од судот и од тужената странка, која нели е во државна сопственост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со оваа официјално издадена потврда, оштетениот работник повторно се обраќа до финансискиот сектор на фирмата и бара исплата на платите по мирен пат, за да не оди работата на суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако му се дозволи контакт со странци, тој ќе открие дека тоа се суштества слични на него и дека повеќето од она што му е кажано за нив е лага.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас, тежок збор, што би рекол еден Андриќ, збор кој пред очите на оние пред кои е кажан, го определува нашето место, кобно и непроменливо, често далеку пред или зад она што ние го знаеме за себе, надвор од нашата волја и зад нашите сили.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Лисицата го надмудрила гавранот и тој, за да се пофали колку убаво пее, го испуштил од клунот својот залак.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
За тој настан сѐ е кажано во старите басни, со мисла одговорив.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Да, се случуваше нешто слично барем по однос на она што е кажано во тие редови: „Минав три чудни денови: морето, плажата, патиштата, ми носеа сеќавања од други времиња.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
– „Море вистина така беше, бре синко Силјане, туку ова ти е кажано од некого, ја на сон ти се сонило а инаку не верувам да било“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во тој миг Зигмунд застана, ја поткрена раката за да одмавне со неа пред своето лице како да брка мушички, како секогаш кога мислеше дека она што му е кажано не заслужува одговор од него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја крена раката но не одмавна – раката се запре пред лицето, не од некоја помисла за смислата и бесмислата, туку затоа што се загледа во својот рачен часовник.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)