е (гл.) - крене (гл.)

Со речиси книжовен приод во овој изоставен дел од спомнатиот вовед, професорот Седларов беше истакнал: „Дозволете ми излагањево да го започнам со она мое необврзно излегување на балконот од куќарката што е крената веднаш зад блискиот свиок на автопатот кој наеднаш ќе се појави и веднаш ќе се скрие следејќи го од височина забавениот тек на Пчиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Лутината му е крената високо од над очи, се накострешил и само крв гледа Дуко Вендија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се гледа дека саанот со богатството е кренат, а саанот со плодникот е стежнат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Како да телефонираме кога во телефонската говорница нема телефон. Нема ништо дури, ни жици! Сѐ е кренато, сѐ е откорнато...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
ВАЖНО, ваквиот прозорец на градски паркинг може да ве посрамоти зашто мора брзо да излезете, да го притиснете ливчето со „баркодот“ за да го отчита читачот и уште побрзо да се вратите во колата, да „убаците“ во прва и да ја фатите рампата додека е крената.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ѕидарската работа главно е крени и залепи, а понекогаш кога ѕидарот не внимава, малтерот му навлегува во месото на прстите, му се прават мали дупчиња и низ нив потекува крв.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)