е (гл.) - прифати (гл.)

Кога ќе се одложи рочиштето, судот веднаш на присутните ќе им го соопшти местото и времето на новото рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога странката со поднесок побарала одлагање на рочиштето, е должна да се информира во судот дали барањето е прифатено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Рибарот знаеше, иако со мало искуство во други краишта, дека човекот од друга средина станува веднаш посебен во новата: ако таму бил зол, овде е интересен, ако таму бил добар и наивен, овде е под сомнение, ако таму бил изложен на подбив, овде е прифатен како знамение: и дека најпосле, дури и посебноста во неговата средина овде може да важи за нормална појава.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Преведувањето е прифатено како секундарна активност, повеќе „механички“ отколку како „креативен“ процес, секој што има макар елементарно познавање на јазикот на кој се преведува се смета за доволно компетентен; со други зборови, професија со низок статус.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)