е (гл.) - суди (гл.)

Исполнет сум. Претечувам Од ѕвезди, од песни Со кои ги залечувам Невидливите арабески Изрежани по суштината Моја, по внатрешнината, Од која се лачат и зрачат Моите певни стихови, Моите копја и штитови Со кои се бранам и напаѓам Крај кон се раѓам и умирам (Пак и пак и пак) Се чини, така ми е судено Да сум стишен и извишен знак. Зрак.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Години и години живеев во прелага дека добро ја познавам психологијата на нашиот човек, и по многу искушенија и самиот дојдов до сознание дека ни е судено да се остваруваме во јазикот: некој беше рекол дека врз јазикот сум прикован како разбојник на крст.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А ние луѓето, кутрите, се раѓаме на едно место, кој знае каде ни е судено да умреме!“
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- „Гневот не раздели или љубовта? Судбината не порази или гордоста?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Срцето не можеш да го излажеш ниту да го украдеш животот, не постои конспиративен к’смет, ќе биде тоа што треба да биде, тоа што е судено, веќе некаде напишано за сите нас, откажете се од илузиите дека е поинаку.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Немаме големи пориви, знаеме дека судбината нема некаков спирален тек, туку дека е едно неумитно преповторување на погибелни циклуси.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Оној другион го губи тактот, несовладливо му упаѓа во мислите на Арсо, кој сега смело ги урива неговите доводи: „Ви е судено да умрете не од вашите зборови, туку од нашите бомби“! Страшно е да се гледа тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)