е (гл.) - еден (зам.)

Среќа е еден убав збор, мисла која те допира оддалеку... копнеж кој те буди наутро...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
За да биде појасна ползата од таквото одделување наше од другите народи доста е еден критички поглед врз работењето на тукашниве студентски друштва: бугарското и српското.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сѐ поблиско и поприфатливо ми е сознанието дека сѐ што не е традиција е една минливост и - плагијат.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
КРАЛУПИ, тоа е еден од поголемите индустриски центри во Чешка, се наоѓа близу до Прага, на околу триесетина километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ова е еден бизарен пристап, бидејќи теоремата на Гедел може да се примени само на модели на умот кои се базирани на машини чие цело знаење е кодирано во логички изрази, и во кој модел единствените „ментални операции“ би се состоеле од стриктни изведувања на формули само од информацијата кодирана во системот од самиот почеток.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
За Таиров, актерот е еден од предметите на сцената.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Господ е еден и за вас, и за нас. Ибн Пајко е и наш, и ваш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Да, да, се разбира. Го знам јас Г-н Стерјо Пикулис, тој е еден од главните финансиери на оваа модна ревија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Еден од „самопрогласените“ рецензенти на ова издание пиша дека ова е еден хибрид помеѓу (стихо)збирка од есеи и добар Марвел стрип.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Секој пукот е една убиена вошка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Доста е едно познанство за да ти поодмрзне душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа е едно македонско село во Албанија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа е еден обдукциски простор каде што телото не се претставува туку функционира како чист материјал, без какви било повторувања.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вилијам Бароуз е еден од тројцата литературни великани на 20-тиот век, кои го разбија, растворија, трансформираа и дигитализираа англискиот јазик; го насочија и стробоскопираа во холограмски слики на дваесеттиот век.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Не скршнувај од асфалтот, можеш да зацапаш во локвата“, е еден од честите другарски совети на мојот пријател.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Сега сета земја е изорана, велам, сета земја е една голема ораница, велам и го превртувам на плеќи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Еден завршен разговор, рече Роден Мегленоски, животот е еден завршен разговор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)