е (гл.) - град (имн.)

Штутгард не е град на облакодери и висококатници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Трново е град со триесетина илјади жители, еден од најстарите бугарски градови, градови, престолнината на Второто бугарско царство (од 1185 до 1396 година), а во јули 1393 година на тримесечната разурнувачка опсада паѓа во рацете на Турците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За Берлин се има престава дека е град кој треба да е многу голем, многу убав, со големи згради, со паркови и зеленило, со улици, авении, булевари, со сите оние атрибути што го чинат еден ваков град и голем и убав, и различен од многу други градови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, тоа не е Амстердам. Тој е град на море, на бреговите од морето иако од него морската шир не се гледа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И затоа длабоко во душата Ел Еј е град без балкони: затоа што на ел-ејските Ромеа енд Џулиети такви работи ич не им требаат. Е ама нам ни требаат...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ел Еј е град без балкони. Додуша, не баш дека нема балкони.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Блажен да е градот којшто го прими тертиот извршител на Божјата промисла.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Зад сребренестите фустани на дрвјата – е градот...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сега Прењес е гратче испресечено со асфалтирани улици, со нови станбени згради, новоизградени приватни куќи, со водовот и канализација, кафеани и кафулиња, таверни и ресторани, банки, пошта, амбуланта, аптеки; железничка станица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Слушајте го и ова: - Во непосредна близина на спомен-костурницата на борците загинати во Народноослободителната борба - да се потсетиме дека Куманово е град на првоборец и херој, во него и во Прилеп пукнале првите пушки - е создадена голема депонија: ѓубре, градежен отпад, стари автомобили, делови од стара покуќнина, и апарати за домаќинство - сето тоа расфрлано на десетина хектари површина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)