е (гл.) - лага (имн.)

Тогаш сфатив, само е една вистина. Сѐ било и сѐ е лага.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
- Јас ли? Па јас ништо не реков. Ама ако мене ме прашуваш, тогаш јас ќе ти кажам, дека тоа што ти го рече за Југославија и Албанија е лага.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да поверува? Не, не, тоа мора да е лага, мора некој да му ја залепил оваа клевета.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако му се дозволи контакт со странци, тој ќе открие дека тоа се суштества слични на него и дека повеќето од она што му е кажано за нив е лага.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како да дознае колку од сево ова е лага ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Леден здив ја пресече сржта во моите коски, во мигот кога ти ја чувствуваше најголемата радост ми рече: “никој со тебе неможе да биде среќен и колку и да се труди светот да те засака ти премногу го мразиш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знам дека сѐ е лага и како казна ме параше вистината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Овој пат воопшто не ме ни интересираше дали тоа е лага или вистина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тогаш ќе знаеш што е животот. Тогаш ќе знаеш дека си го живеел животот. Вистинскиот живот. Сѐ друго е лага.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Добро. Но мојот одговор може да биде секаков и пак да е лага.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Што е лага?“, повторив јас ставајќи ја ногата на првото скалило.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Што е лага?“, му реков јас, воздржувајќи се да покажам дека сум љубопитен и дека се чувствувам предизвикан.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Лага е, си велев лежејќи во креветот на грб, со рацете прсти во прсти под тилот, ако не е лага, тогаш зошто воопшто имал потреба да го каже тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Сепак“, вели авторот, „ме интересира како може нешто ем да е лага ем да е вистина?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Верата е лага, човеку. Сите сме исти пред бога, зашто бог е еден, па макар да се нарекува и Алах.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И лагата не е лага, ако не стане нова вистина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тврди дека ја има и сликата што ќе ми ја открие тајната по која толку долго трагам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или му дошло некако на ум дека тоа е најкраткиот пат до утехата, па побрза да ми ја соопшти оваа новина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или тој Боге од Бањи измислува? Зар сѐ ова што го вели е лага?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вели: „Кога ќе ја видиш сликата ќе откриеш кој си“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Тоа е лага! – букнаа усничките на куклата – Тоа е вистинска лага!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Може да чувствуваме дека тоа е лага.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)