е (гл.) - пријател (имн.)

Старото чувство, дека во суштина и не е важно дали О'Брајан е пријател или непријател, му се врати.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон не можеше да биде сигурен - дури и по средбата на нивните погледи тоа утро беше невозможно да биде сигурен - дали О'Брајан е пријател или непријател.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Разбирам. Очекувате потоп. Така ли е пријателе - по-топ?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А сега сум на покана од наибот што ја врши кадиската должност овде и којшто ми е пријател.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Шокирана, не можеше да зборува, но малку собра сила: „Татко, Петар му е пријател на Тодор. Учител е, школуван...“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сега не знам кој ми е пријател, а кој непријател, вели и умира од смеење, не може да се запре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
СИМОН: Викни го. Речи Симон те вика. Тој ми е пријател. Ќе дојде. МИМИ: Не може.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Не. Но, тој е мој. А овој“, удирајќи ме по рамо, „овој е пријател. Разбра?“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Зашто тоа време беше турско време и никој што е пријател ноќе не доаѓаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)