е (гл.) - чудо (имн.)

Не е чудо Турците да дојдат да ја бараат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Па, не е чудо и да не може да ожени некое од децата, ќе остане за резил во векот — ерген дедо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Чудо, - рече тој. - Ела де испи десет, - му подвикна Трајанка подавајќи му го шишето, - па да те видам дали е чудо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Кажуваат дека таа клисура на Вардар е чудо божје, а тие високи и стрми карпи се седела само за орли.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Љубовта е чудо. Чудно.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Не е чудо, како што е прилежен во учењето, тој и сега да си ги припомнува неправилните француски глаголи, и заправо оттука да се објаснува неговата усредсреденост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повторно се случи чудо. Можеби и не е чудо да се лизга мината од моливот и да се качува нагоре?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)