е (гл.) - друг (прид.)

Саботажата е друга работа, сосема различна од насилничките соништа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Последниов чин тешко може да се легализира со фактот што самиот Пикасо ги разбира своите сопствени слики како збир на деструкции.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На пример, точно е дека Никола Поцо бил примен од султанот Абдул Меџид и дека добил ферман за уредување на проблемот со даноците и за градење на црквата. Како успеал, тоа е друга работа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Има и други во ковчезите, ако не ж'ти — бели, сребро, алишча, токо работата е друга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сепак, модернистите исто така се надеваат дека нивните нови теории, да го цитираме Хјум, “нема да бидат инфериорни во поглед на извесноста и ќе бидат многу посупериорни во поглед на корисноста од кое и да е друго човечко сфаќање”.8
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уште повеќе, кога разумот - кој е универзален - ќе надвладее, ќе има помалку војни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Двете подрачја на дискурсот се јасно раздвоени едно од друго.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но тоа е друга приказна, која се врзува за сите приказни настанати во Потковицата и за Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, нејсе, тоа е друго прашање. Остави ги лажните идеи кои те опседнуваат, космополитизмот, на пример.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кажете го името на кој и да е друг филозоф што го задолжи човештвото?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Стоеше и гледаше во мозаикот; одеднаш рече: „Луцијо, каде е другиот мозаик?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Начинот за побивање на обвинувањето дека литературната теорија, или деконструкцијата, е „несвесна за општествената и историската реалност“ е инсистирањето дека „востановувањето на објектите од страна на дискурсот“ постојано спласнува, и дека „почитта кон реалноста“ (општествената и историската, астрофизичката, или кој и да е друг вид на реалност) е само почит кон минатиот јазик, минатите начини на опишување на она што „навистина“ се случува.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Таа е причинета од невробиолошките процеси и е исто толку дел од биолошкиот поредок, како и која и да е друга биолошка одлика, како што се фотосинтезата, варењето или митозата” (стр. 90).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сѐ добро испадна со мојата болест, а чувствувам дека ти повеќе не ме сакаш, можеби е друга во прашање, но што и да е не се измачувај“.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Со национални прашања не се занимаваат и со голема досада слушаат реферати на тема по етнографијата, па и по каква и да е друга наука, освен политичката економија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, денес кога наидов на текстот на Теди Москов, театарски режисер од бугарска провиниенција „Среќна случајност“, почнав и самиот да подавам интерес за тоа дали сентенцата на Фелини „Случајноста е другото име на Бога“ е она кон кое треба да се приклониме кога зборуваме за настаните во животната стварност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Човекот се смешка зајадливо и кисело, потоа се мати и распливнува во сивкава замреженост и пак е јасен и жолчен (чувството дека го загледуваат). Тој е во него, но тој не е друг туку Етхем-паша.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јон е друга војска, и тој за други се бори, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ова е другиот глас, од сиот свет, што е со мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Обично пиеше виски со млеко што некои дипломати во шега го идентификуваа и со неговиот карактер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа имав подолготрајна средба при неговата прва официјална посета на Тунис и Палестинската централа, но тоа е друго поглавје, од дипломатските години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега е друго време! На работа, но тука, во родниот крај!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЈОРДАН: (Седнувајќи). Ох, ох!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: (Седнува занесен, по него седнува и Божана). Како те пречекаа?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Си останал од дете без татко, тој ти е друг татко... Белки за лошо не иде...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Откриеш ли еден пласт, гледаш под него е друг...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Грдо е други да обвинуваш за потфати што самиот ќе ги сториш па дури и тогаш кога била присутна и некоја нејасна присила и страв.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господине, За да избегнеме нови проблеми со факсот, треба да ви кажам дека утре како и секоја година јас го напуштам Азурниот Брег во траење од четири месеци, спасувајќи се од овдешнава горештина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но со тоа да се претставува како модел за другите земји, и да се претендира да се решаваат нивните проблеми, е тоа е друго прашање!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можеби треба да се направи ова за да го разберат вжештените глави?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
ПАНАЈОТИС: Како сакате господа. Сакав само накусо да ве запознаам со тоа што ќе се работи тука. Таков е редот. (На Киро) Каде е другиот работник?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога ќе се затечат во градот Скопје луѓе на славниот маченик Христов Ѓоргија, тие не работат никакви државни работи и нема над нив власт, ни судски чиновник, даночник или управник на тврдина, ни пазач на магацини, ни собирач на соколи, на коњи, на пци, или кој и да е друг чиновник. Тоа запомни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)