е (гл.) - завршен (прид.)

Феноменот на поезијата постои за да се воспостави ред меѓу нештата, ред помеѓу човекот и времето, зашто вистинската традиција не е завршено минато.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Кругот е завршен – црномурестиот витез со жолтата наметка поаѓа кон Градот, а идната хранителка на змиското семе копнежот незадржливо ја води од Градот, кон прегратката на блискиот незнаенец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Знаеш дека сѐ е завршено, сѐ е готово, во тебе се одвива погреб, во твоето срце, со луѓе во процесија облечени во црно, тие го оплакуваат умрениот, а тоа си ти, а ти сѐ уште си жив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како да знаеа дека нивната работа е завршена и се чека само на еден формален акт којшто ќе го потврди нивниот триумф.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Жалам, другар и другарке. Гозбата е завршена. Ајде кај овците! - им подвикна на кучињата, а тие, не баш настроени, се упатија кон плевната, кон своето стражарско место.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Успеав да го најдам злото. Мојата мисија, за сега, е завршена.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Та приказна е завршена!!! Разбра? Во ова куќа јас одлучвам.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
— Тоа е ваша работа, велат, нашата е завршена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во почетокот беше капитал. (Гледа на часовникот.) Работниот ден е завршен.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дека панславизмот е едно смешно антиисториско движење И дека негова цел е подјармување на цивилизираниот Запад Од странот на варварскиот Исток и на градот од селската рамница Оттогаш наваму се разгрануваат разни врсти антисловенство Од кои некои предизвикуваат и војни со многу жртви И не е многу важно дали антисловенството е лево или десно Многу поважно е што историјата на антисловенството не е завршена
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)