е (гл.) - најдобар (прид.)

- Што значи тоа? - На крајот од седумдесетите години, читателите на ревијата за музика „Џубокс“ можеа да го дадат својот глас за гитаристот за кој сметаа дека е најдобар во СФРЈ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во офицерската школа е најдобриот фрлач на нож.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бошко ми е најдобриот ученик во одделението, - им кажува таа на децата и им вели да ме имаат мене за пример.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тоа е најдобриот вид на среќа, мигови што ни го одземаат здивот, вистини кои треба да се живеат, но само ретките ја имаат таквата привилегија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Не во чувството – можеби тоа е најдобра вакцина против бесрамната суровост на лицемерието.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Едо, ципурата е најдобрата риба!“ вели Летка, а нејзе не може да не ѝ се верува за сѐ што има врска со задоволствата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По дома муабет за дечко беше строго забранет и немаше таква категорија на роднина додека не се даде збор или свршувачка, ама затоа постоеја другари, блиски, блиски... па кога ќе раскинеш, оп - нов другар, уште поблизок, ама овој е најдобар по физика и, всушност, ти прави чест што секој ден одвојува време да ти потпомага во градивото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако едната странка ја напаѓа пресудата само во поглед на трошоците, а другата во поглед на главната работа, повисокиот суд – со една одлука – ќе одлучи за обата правни лека (чл. 161, ЗПП). 133 Р.М. против Медицински центар Спор за укинати патни трошоци 1
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Consuetudo est optima interpres legum Праксата е најдобар толкувач на законите! (Paul. – D. 1,3,25)
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Прво, кој е најголемиот мудрец, второ, кој е пророк над пророците и, трето, која е најдобрата вера на светот?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Чистењето на коров у двор е најдобар лек против стрес.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Живеј си со народот во мир и љубов. Од земја сме и пак земја ќе станеме! Поминот е најдобрата работа, тоа ќе ни остане.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Веројатно и со лага или со еден вид принуда се послужил бидејќи помислил дека тоа е најдобар начин да ѝ ја истурка на девојката од мислите несигурноста и колебањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не можел изгледа да си претпостави дека таа одвај чекала да зачекори во неговата желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Можеби имаш право - се согласи со мене Господ Саздов кога му ги изнесов моите гледања во врска со приказната за овој случај.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ременот е најдобрата алатка за разрешувањето на таквите случаи - реков - но за точката во циркузот скалпелот бил многу поатрактивен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И во животот на Албер Ками е предочен европскиот трагизам, во неговата лекција за апсурдноста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Париз е најдобриот пример за тоа, но Ками запира на Виена, како град крстопат на историјата, кога одекнуваат ударите на историјата, има ноќи кога небото се покрива со крв, камените коњи чиниш ќе полетаат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Па се поклони, сиот теракота печена на тивок оган, со цигански шарена шамија околу мисирковиот врат, прво задолжително на жените со поглед како во решавачка карта, а потоа деловно им соопшти на мажите: - Тој ми е најдобар студент, најнадежен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го вртеше главичето не знаејќи која постапка е најдобра за да го оттргне од заблудата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Ќе биде, Зоки. - Не. Јас прв направив човек и тој е најдобар.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Погледнете и учете: Мразот е најдобар орач!“ рече чичко Темелко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)