е (гл.) - очигледен (прид.)

Контрастот е очигледен: десната страна - водата се повлекла, најпрвин било тиња, сега е распукана сува земја, штици за премин од она малку вода накај шамакот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ова е еден од најтипичните примери во кои вештачки предизвиканата визија речиси во целина е пренесена како содржина во книжевно дело, и каде односот помеѓу дрогата и творештвото е очигледна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Додека оваа пошлост’во чист облик предизвикува само добронамерен потсмев, онаа другата - која што, како што вели Набоков, е особено снажна и опака, кога лажноста не е очигледна и кога се смета дека вредностите кои таа ги имитира му припаѓаат, со право или не, на највисокото ниво на уметноста, мислите или чувствата - се чини, предизвикува тегобност. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 161
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, колку и да е очигледен ваквиот исказ – и без разлика колку често, колку секојдневно се изнесува – може да стане контроверзен штом ќе се предочи како тврдење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или тоа е свесен протест, чија сурова симболика е очигледна? - се прашуваше новинарот, од малата фотографија во горниот лев агол од текстот, што и покрај дебелите очила и насмевката, или токму поради нив, делуваше одбивно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)