е (гл.) - помал (прид.)

Меѓу обата дела постојат суштествени разлики: едниот е помал град, а другиот со повеќе велеградски белези.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во петтата глава се разгледува идеологијата низ призма на подвижноста на општеството, според авторот, значаен фактор во проблемот на односот меѓу субјективитетот и идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако општеството е брзо, т.е. се карактеризира со покомплексен и променлив систем на вредности, побрза размена на информации, со “многукратност на насоките на мислење” (израз преземен од Манхајм), влијанието на идеологијата врз поединецот е помало, и обратно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, не е помала уште една заслуга на авторот, радо би рекле писателот (текстот обилува со волшепства), успешно и наизменично да се проигрува со неизбришливите емоции од детството, како со провоцирана индигнација на тоталитарната отуѓеност на извесен политички режим.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ана наша, што е помала, не ти излегува како годе... не пак тие.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Нема ни саглам плоштад; најголемиот е помал од оној во Пехчево.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Штип технички му се допаѓа повеќе, местото е помало, помирно, полесно за обработка зашто се работи за неколку стотини лица од критичната популација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Зошто за момчево имаш купено половина билет, како божем да е помал од 12 години? - му се вдаде кондуктерот на дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Колку и да се тешевме со мајчината изрека дека заедничката несреќа е помала несреќа, на портата на нашата куќа тропаше сигурно смртта. Таа овој пат го повикуваше семејството, Козар маало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)