е (гл.) - ситен (прид.)

Тоа е ситен човек во бел берберски мантил. Носи кожнена чанта.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Лицето ми е ситно, велам, ама со големи очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трненката е грмушка висока до човечки бој, а широка како копа ( спореди: мома како копа), плодот ѝ е ситен како брбушка, колку модар уште повеќе кисел, кој се задржува на гранките и до зиме смалувајќи се и збрчкувајќи се како природно исушена и конзервирана јагурида.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)